VITA RES

from

RESEN

(processing of fruits & vegetables, production of concentrates, purees, and frozen apple cubes)

+38975421259

arrow&v
Македонија

Преспанското езеро сега е длабоко само 15 метри, а подлабоките слоеви губат кислород

Министерот за животна средина Насер Нуредини кажа дека се формира тело за спас на езерото, во кое претставници ќе имаат Македонија, Албанија и Грција

Cyber Green Market News

По алармантното повлекување на водата, Преспанското Езеро сега има длабочина од само 15 метри, а најдлабоките слоеви поради еутрофикацијата преку лето остануваат без кислород, посочија експертите на денешната трибина за спас на езерските води одржана во Ресен.

„Преспанското Езеро во последно време покажува премин од мизотрофен кон еутрофен карактер, што значи дека по сите параметри квалитетот на водата е во трета или четврта категорија. Сега подлабоки слоеви се оние на 13 до 15 метри, зашто поголема длабочина не можеме да најдеме во езерото. Во најдлабоките слоеви за време на летниот период се создаваат бескислородни услови. Кислородот е услов за живот, а со негово намалување, би дошло и до изумирање на живиот свет“, предупреди Елизабета Велјановска-Сарафилоска, директорката на Хидробиолошкиот завод од Охрид.

- Водостојот на Преспанското езеро е повеќе од 5 метри под нормалата, најнизок во 20 години

Таа додаде дека со промената на ниво на водата во последните 50 години настанува богатење на водата со нутриенти, што доведува до формирање на густа површина, поточно зголемување на хлорофилот и појавување на алгата. Понатаму, повлекувањето на езерото придонесува и за поместување на плодиштата на рибите.

„Ако дојде до фаза на еутрофикација, сите организми во езерото би биле во опасност. Не смееме да дозволиме уште повеќе да се намали водостојот. Причините за ова се климатските фактори, долгите периоди на суша, но и користењето на водите, за што немаме доволно податоци“, рече Робертина Брајаноска од МЕД.

На трибината присуствуваше и министерот за животна средина Насер Нуредини, кој рече дека во февруари била формирана неформална работна група за спас на езерото, но само што почнала со работа, пандемијата на ковид-19 ги успорила активностите. Сега се формира ново тело со претставници од трите држави кои го делат езерото, Македонија, Албанија и Грција.

„Ова езеро го делиме со Албанија и Грција. Грција веќе има човек во управувачкото тело, а се очекува и Албанија да назначи претставник. Сите три земји ќе мора активно да се вклучат во изнаоѓање решение“, рече Нуредини.

Тој додаде дека дури 40 проценти од водата во Охридското Езеро се добива од Преспанското. Тоа се празни преку карстната област на Галичица и подземно истекува кон Охридското Езеро. Поради ова, Преспа е од големо хидролошко значење и за водостојот на Охридското Езеро.

извор: www.sdk.mk

А. Г.

Преспанското езеро сега е длабоко само 15 метри, а подлабоките слоеви губат кислород

Македонија

Министерот за животна средина Насер Нуредини кажа дека се формира тело за спас на езерото, во кое претставници ќе имаат Македонија, Албанија и Грција

МЗШВ: Разговорите со лозарите и винарските визби добија правна рамка

Македонија

Вчера Владата на Република Северна Македонија, донесе одлука со која, разговорите со лозарите и винарските визби добија и правна рамка.

1350 ПОСЕТИ ОД РУСИЈА

Свет

ЕЗП во изминативе 30 денови од Русија (како главен пазар за извоз на македонските земјоделски производи) имаше 1350 посети.

АХВ: Почна кампањата за благосостојба на работните коњи

Македонија

Парични и затворски казни се предвидени за сопствениците кои несоодветно ги третираат коњите, ги измачуваат и ги оптоваруваат повеќе од она што физиолошки можат да издржат, рече денеска директорот на Агенцијата за храна и ветеринарство (АХВ), Зоран Атанасов. Најавувајќи го почетокот на кампањата за заштита на коњите и за подигнување на јавната свест за нивно правилно чување, одгледување и користење, Атанасов истакна дека изминатите години биле доставени голем број претставки од невладини организации и од граѓани за негрижа и несовесно однесување.

Агрометеоролошка состојба

Македонија

Состојба на земјоделските култури во Република Македонија и агрометеоролошка прогноза за периодот после 18.09.2020 год.

Плодот од шипка - чувар на здравјето

Македонија

Шипката е есенски плод, кој помага во борбата против настинката, поради што многу луѓе го викаат “чувар на здравјето”

Берење на десертно грозје

Македонија

Одредувањето на времето на бербата на грозјето има значајна улога во процесот на преработка на грозјето

© 2019 Cyber Green Market LLC