VITA RES

from

RESEN

(processing of fruits & vegetables, production of concentrates, purees, and frozen apple cubes)

+38975421259

Македонија

Потпишана спогодба фитосанитарна политика

Министерот за земјоделство, шумарство и водостопанство Арјанит Хоџа оствари средба со Амбасадорот на Република Албанија во Северна Македонија Н.Е. Фатос Река, на која беше потпишана Спогодба за фитосанитарна политика меѓу Северна Македонија и Албанија

Министерот за земјоделство, шумарство и водостопанство Арјанит Хоџа оствари прва средба со Амбасадорот на Република Албанија во Северна Македонија Н.Е. Фатос Река, на која беше истакната успешната соработка меѓу двете земји во областа на земјоделството и обостраниот интерес за понатамошно унапредување на истата.
Министерот Хоџа истакна дека потпишувањето на усогласената Спогодба за фитосанитарна политика меѓу двете министерства, е многу важен чекор за олеснување на трговијата со земјоделско-прехранбени производи со почитување на законските одредби и фитосанитарните процедури на двете земји.

Министерот предложи да се реализира билатерална средба со неговиот албански колега во блиска иднина, во рамки на која ќе биде потпишана споменатата Спогодба.
На средбата беше разговарано за можноста за заеднички настап на македонските и албански компании од земјоделскиот сектор на европскиот пазар, а беше дадена поддршка за нови иницијативи и заеднички проекти во процесот на прилагодување кон ЕУ.

Амбасадорот Река потенцираше дека Албанија во последните години посветува големо внимание на агротуризмот, како нова гранка за која постои голем интерес и кое може да биде пренсено и во нашата земја.
На крајот од средбата министерот Арјанит Хоџа истакна дека неговиот кабинет е отворен за соработка и развивање на нови заеднички идеи и проекти за продлабочување на билатералната соработка во земјоделство меѓу нашите соседни земји.

Б.А.Н.

VITA RES

from

RESEN

(processing of fruits & vegetables, production of concentrates, purees, and frozen apple cubes)

+38975421259

© 2019 Cyber Green Market LLC