
VITA RES
de
RESEN
(transformation de fruits et légumes, production de concentrés, de purées et de cubes de pommes surgelés)
+38975421259
Нутриционист
Бамја
Редовното консумирање на бамја го намалува ризикот од бубрежни заболувања.

Бамјата (Abelmoschus esculentus) е едногодишно растение од фамилијата Malvaceae. Таа е мешунка која содржи многу витамини и минерали, кои се од суштинско значење за организмот.
Има ниско ниво на калории и калориската вредност на бамјата изнесува 30 калории во 100 грама зеленчук. Во својот состав содржи повеќе витамини и минерали, особено витамини од групата Б, а пред сѐ витамин Б6. Содржи доста витамини А и Ц, железо, калциум, калиум, магнезиум и манган.

Таа е преполна и со антиоксиданти и благодарение на овие материи, бамјата може да ја намали апсорпцијата на шеќерите во крвта и е добра за одржување на нормално ниво на гликоза во крвта. Благодарение на огромното ниво на пектини, бамјата помага во намалување на холестеролот во крвта. Нејзината особина да го подобрува протокот на крвта придонесува за подобро функционирање на мозокот.
Редовното консумирање на бамјата го намалува ризикот од бубрежни заболувања. Таа има детоксикациски ефект. Антиоксидантите и минералните материи ја потпомагаат работата на бубрезите и ги потиснуваат можните воспаленија. Огромното количество влакна во бамјата помага за регулирање на работата на цревата односно е од големо значење за детоксикацијата на дебелото црево кое често страда од запушување, задржување на токсини, со што се создаваат услови за малигни процеси.
Илија Бузлевски
