VITA RES

de

RESEN

(transformation de fruits et légumes, production de concentrés, de purées et de cubes de pommes surgelés)

+38975421259

Македонија

АХВ: Почна кампањата за благосостојба на работните коњи

Парични и затворски казни се предвидени за сопствениците кои несоодветно ги третираат коњите, ги измачуваат и ги оптоваруваат повеќе од она што физиолошки можат да издржат, рече денеска директорот на Агенцијата за храна и ветеринарство (АХВ), Зоран Атанасов. Најавувајќи го почетокот на кампањата за заштита на коњите и за подигнување на јавната свест за нивно правилно чување, одгледување и користење, Атанасов истакна дека изминатите години биле доставени голем број претставки од невладини организации и од граѓани за негрижа и несовесно однесување.

Годинава се поднесени две претставки. Едната е отфрлена, а за другата во тек е постапка.

- При контролите од страна на ветеринарните инспектори е утврдено дека здравствената состојба на коњите е лоша, дека животните се изнемоштени. Затоа, би апелирал, дека согласно законските прописи во земјава, секое предизвикување болка, повреда и секое нехумано однесување кон овие животни е казниво дело. И со кривичниот закон измачувањето на животните претставува кривично дело, а сторителот може да се заврши и во затвор, нагласи Атанасов и додаде дека несоодветното однесување со коњите, посебно во урбаните средини, е исто така голем и сериозен проблем.

Тој изрази уверување дека во соработка со институциите ќе биде постигнат напредок во однос на подгнувањето на јавната свест за заштита на коњите.

Почетокот на кампањата беше означен со координативен работен состанок во АХВ меѓу претставници на Министерството за внатрешни работи, Заедницата на единиците на локалната самоуправа – ЗЕЛС, Градот Скопје, Општина Шуто Оризари и на Коњичката федерација на Македонија. На состанокот, како што информира Атанасов, станало збор за актуелните прашања и за изнаоѓање решенија во однос на подигнувањето на свеста на сопствениците за здравствената заштита и благосостојбата на работните коњи. Кампањата продолжува теренски, каде сите вклучени институции ќе одржат работни средби со одгледувачите и сопствениците кои коњите ги користат за работа или пак со кои се вклучуваат како учесници во сообраќајот.

- Освен што негрижата значи загрозување на благосостојбата на животното, претставува и загрозување на благосостојбата на сопствениците зашто коњите се и вид економски ресурс кој овозможува остварување финансиски средства за издржување на семејствата, напомена директорот.

Во рамки на кампањата се изработени едукативен спот, постер на Македонски, Албански и Ромски јазик и билборди кои ќе бидат поставени во Скопје, Тетово, Битола, Штип и Прилеп.

Кампањата е една од компонентите на кампањите за подигнување на јавната свест за благосостојбата на животните во рамки на проектот „Подобрена имплементација на законодавството во делот на здравјето на животните, безбедноста на храната и фитосанитарната област и соодветните информациски системи” што АХВ го реализира со финансиска поддршка од Европската унија во рамки на ИПА 2015. Проектот е составен од неколку компоненти и е вреден 1,6 милиони евра.

Во Ветеринарно информативниот систем на Агенцијата за храна и ветеринарство евидентирани се 11.932 копитари, од кои 8.373 коњи.

извор: www.fva.gov.mk

А. Г.

VITA RES

de

RESEN

(transformation de fruits et légumes, production de concentrés, de purées et de cubes de pommes surgelés)

+38975421259

À propos de nous

Cyber Green Market (CGM) est une plateforme Web qui promeut l'exportation et la vente en gros de produits agricoles, de fruits des bois et de leurs produits secondaires de la péninsule balkanique.

Vendre au détail

Dans la section vente au détail, vous trouverez également des machines, des outils pour la maison et le jardin, des uniformes de travail et tout ce dont vous avez besoin pour vos travaux agricoles. Vous pouvez commander tout cela auprès de nos vendeurs déjà vérifiés dans les plus grands magasins en ligne du monde.

CGM Ali

Voulez-vous vendre vos produits sur Alibaba, mais vous ne voulez pas payer 4 999 $ par an pour un compte premium Alibaba? Demandez un compte «CGM Ali» ici , choisissez l'un de nos forfaits et pour seulement 199 $ par an, commencez à vendre sur Alibaba dès maintenant!

© 2019 Elektronski Zelen Pazar LLC Resen